• вторник, 05 ноември 2024

Евакуирани повеќе десетици илјади жители на Гома поради опасност од ерупција на вулканот Њирагонго

Евакуирани повеќе десетици илјади жители на Гома поради опасност од ерупција на вулканот Њирагонго

Киншаса, 27 мај 2021 (МИА) - Властите во Демократска Република Конго денеска наредија евакуација на дел од жителите на градот Гома поради опасност од нова ерупција на вулканот Њирагонго.

Официјални лица предупредија дека ерупција на копно или под езерото Киву може да се случи наскоро и без знаци на предупредување.

Десетици илјади жители на Гома ги напуштија своите домови и се упатија кон регионот Масиси или кон границата со Руанда.

Вулканот Њирагонго еруптираше на 22 мај пшо речиси две децении, а лавата сигна до градот Гома, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а уништи и повеќе од 500 домови во околните села.

Вулканот Њирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда.

Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата. ми/

Остани поврзан