• понеделник, 12 август 2024

Евакуација на луѓето во Ајфеловата кула

Евакуација на луѓето во Ајфеловата кула

Париз, 11 август 2024 (МИА) - Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз.

Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките прстени поставени на второто ниво.

Кулата не се очекува да биде дел од церемонијата на затворање на Игрите, кои се очекува да започнат на Стад де Франс во регионот Сен Дени околу 21 часот по локално време.

Повеќе од 30.000 полицајци се распоредени во и околу Париз за да ги чуваат последните олимписки настани и церемонијата на затворање денеска.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека околу 3.000 полицајци ќе бидат мобилизирани околу Стад де Франс и дека 20.000 полицајци, војска и други безбедносни лица околу Париз и Сен Дени ќе бидат мобилизирани до доцна вечерва за безбеден последен ден на ОИ. зш/

Остани поврзан