• недела, 09 февруари 2025

Илјадници универзитетски работници и студенти бараат Белгија да ја прекине соработката со Израел

Илјадници универзитетски работници и студенти бараат Белгија да ја прекине соработката со Израел

Брисел, 15 јануари 2025 (МИА) – Повеќе од 6.600 професори, истражувачи, универзитетскиот персонал и студентите во Белгија во отворено писмо бараат белгиските универзитети да ја прекинат соработката со израелските институции.

Тие во отворено писмо ги обвинуваат универзитетите за директна или индиректна вмешаност во кршењето на човековите права и за соучесништво во „геноцидот во Газа“.

Потписниците бараат белгиските универзитети, како и јавните институции да ги прекинат врските со израелските институции и да ја усогласат својата политика со меѓународното право. Тие тврдат дека универзитетите имаат одговорност да го почитуваат меѓународното право, како преку наставата, така и преку пример.

Помеѓу потписниците на отвореното писмо се и потпретседателката на белгиската Влада, Петра Де Сутер и новинарот Руди Вранцк. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан