• вторник, 25 јуни 2024

Дурaнт се надева дека ќе биде подготвен за дуелот со Минесота

Дурaнт се надева дека ќе биде подготвен за дуелот со Минесота

Феникс, 25 март 2023 (МИА) – Кошаркарот на Феникс, Кевин Дурант, постигна значителен напредок во неговото закрепнување и сака да се врати на терените на 29 март против Минесота, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија.

 

Кошаркарот пропушти две недели откако го повреди левиот скочен зглоб на загревање пред натпревар.

 

На три средби за Феникс, големата НБА-ѕвезда постигна 26,7 поени по натпревар со 69% успешност на реализација.

 

Феникс ноќеска загуби од Сакраменто со 135:127 и со биланс 38 победи и 35 порази се наоѓа на 5. место во Западната конференција на НБА-лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан