• петок, 22 ноември 2024

Дурмиши: Движењето Беса е отворена за сите политички партии кои имаат за цел промена на централната власт

Дурмиши: Движењето Беса е отворена за сите политички партии кои имаат за цел промена на централната власт

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Движењето Беса како опозициска партија е отворена за сите политички партии и преговори може да се случат со сите политички субјекти со единствена цел промена на централната власт. Уште е рано да кажеме на кое ниво ќе биде соработката, истакна Бесар Дурмиши, член на Централното претседателство на оваа партија и претседател на Советот на Општина Тетово. 

-Нормално е и би рекол дека е една соработка со сите оние фактори или сите субјекти кои се во опозиција или се чувствуваат така. Нормално е да има различни коалиции. Не значи дека е постигната коалиција ниту со Алтернатива, ниту со кој било друг политички субјект. Сите политички субјекти имаат за цел во изборниот процес што ќе дојде многу брзо, значи на централните избори, да можат да го максимизираат гласачкото тело и планот или платформата што треба да можат да го спроведат и реализираат и сето тоа да се постигне со доаѓањето на власт. Нормално е да има такви коалиции или преговори со сите субјекти, не само со Алтернативата, туку со сите политички субјекти, истакна Дурмиши. 

Инаку, Централното претседателство на политичката партија Алтернатива вечер ќе одржи состанок, на која се очекува да се разгледа соработката со Движењето Беса.

-Централното претседателство на Алтернативата утревечер ќе се состане и ќе дискутира за следните чекори на соработка со Движењето Беса. Првите контакти даваат надеж дека првата соработка ќе биде во рамките на Собранието, додека за деталите ќе ве информираме по завршувањето на средбата, изјавија вчера за МИА од Алтернатива.

Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да и се приклучи на Влдата.фф/аа/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан