• вторник, 25 јуни 2024

Дурант најверојатно ќе го пропушти НБА Ол-стар

Дурант најверојатно ќе го пропушти НБА Ол-стар

Њујорк, 9 февруари 2023 (МИА) – Кевин Дурант, најверојатно ќе го пропушти претстојниот НБА Ол-стар натпревар во Солт Лејк Сити.

Според инсајдерот на „ESPN“ Адријан Војнаровски, Дурант продолжува да закрепнува од повредата на лигамент на десното колено.

Се очекува кошаркарот да се врати во составот на Бруклин по паузата за Ол-стар викендот.

Дурант беше избран за стартер на Ол-стар натпреварот со гласање од навивачите. Кој ќе го замени се уште не се знае. зс/

Остани поврзан