• петок, 22 ноември 2024

Дука: Почна реализацијата на најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар

Дука: Почна реализацијата на најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар

Дебар, 23 мај 2024 (МИА) - Во Дебар денеска беше означен почетокот на проектот што предвидува реконструкција на неколку улици во дебарската населба „Венец 1" и изградба на атмосферска канализација.

-Овој инфраструктурен мегапроект на општина Дебар, предвидува целосна реконструкција на четири улици во населба „Венец 1", изградени пред 1980 година, реконструкција на тротоарите и за првпат изградба на нова атмосферска канализација. Проектот е со вредност од околу 37.000.000 денари што е најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар, рече градоначалникот Хекуран Дука.

Додаде дека ќе бидат опфатени улици во должина од 1250 метри и искажа благодарност до владата за поканата поддршка.

- Проектот се реализира со финансиската поддршка добиена на конкурсот на Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од страна на Светска банка. Благодарност до владата на РСМ за заложбата и поддржаа во реализацијата на овој проект, нагласи Дука.

Тој заедно со претставници на секторот за урбанизам одблиску го следеа почетокот на работите кој беше означен од улицата „Пролетерска".

Работите ги изведува ГП „Илинден" од Струга кое беше избрано на тендер како најповолен понудувач и се предвидува за завршат за пет до шест месеци. вт/ев/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан