• вторник, 17 декември 2024

ДУИ да се реформи и да се адаптира на опозиција, му порача Таравари на Ахмети

ДУИ да се реформи и да се адаптира на опозиција, му порача Таравари на Ахмети

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.

На новинарско прашање околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори. 

-Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет - шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат, подвлече Таравари. бд/ев/

ФОТО: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан