• понеделник, 23 декември 2024

ДСЗИ: Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис (ДПЛ)

ДСЗИ: Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис (ДПЛ)

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, Рената Младеновска најави дека денеска ќе ѝ биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести, со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис.

ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

- Одговорните лица во самите градинки си ги контролираат и ажурираат податоците од вакциналниот статус на секое дете. Се почитува мерката, така што сега за сега, задоволни сме и од самата соработка и од начинот како се спроведуваат вонредните надзори, изјави Младеновска.

Таа повтори дека во надлежност на ДСЗИ е, согласно сите списоци што им ги праќаат вакциналните пунктови, да ги повикаат родителите на постапка на порамнување или казнување, ако родителот не се согласи да го вакцинира неговото дете.

- Засилени се и тие контроли. Сѐ повеќе и секојдневно ни стасуваат списоци каде се содржани деца кои не примиле досега ниту една доза, нагласи директорката на ДСЗИ.

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести  со што

Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во градови во внатрешноста се поодговорни. 

- Мојот заклучок е дека на тие деца кои се во внатрешноста, родителите им се одговорни и го почитуваат редовниот Календар за имунизација и се редовно вакцинирани. Очигледно е дека проблемот е во градот Скопје. Мислам дека овие епидемии ќе нѐ освестат дека треба да се вакцинираат сите деца, сѐ со цел да не ни се случуваат и да не ги враќаме заразните болести, рече Младеновска.

Таа најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период. 

- Ќе мора да ја решиме оваа состојба зашто не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21. век, порача Младеновска.

Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината да може да посетуваат градинка, но, под услов да се ревакцинираат за шест месеци.

Како што соопшти денеска министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска се пристигнати вакцините против пертусис и за возрасни.

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава,  изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни

Предност при ввакцинацијата ќе имаат возрасните кои живеат со деца под две години, вработените кои се во директен ангажман и се во контакт со децата  на оваа возраст и бремените жени кои се во третиот семестар од нивната бременост.

Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години. Заклучно со 7 март, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, според податоците на последниот извештај од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). бд/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан