Дрога пронајдена при претрес во Штип, приведено едно лице
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети, за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Дрога била пронајдена при претрес во Штип. Едно лице во текот на вчерашниот ден било лишено од слобода, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во 11:10 часот, вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Штип го лишиле од слобода 44-годишниот штипјанец Ф.С..
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети, за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, се појаснува во соопштението на МВР.
Лицето било задржано во полициска станица. Од Министерството истакнуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава. бд/sa/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерството за внатрешни работи