Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад
- Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.
Скопје, 19 јануари 2021 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина соопшти денеска дека синоќа биле цел на хакерски напад.
-Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, стои во соопштението на ДИЖС.
Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.
-Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно, се наведува во соопштението на Инспекторатот. нд/дма/