• понеделник, 23 декември 2024

Драмски театар – Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостува на фестивал во Ниш

Драмски театар – Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостува на фестивал во Ниш
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Драмски театар – Скопје со претставата „My name is Goran Stefanovski” - „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ денеска ќе гостува на третото издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш. Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот. Во натпреварувачкиот дел учествуваат шест претстави од земјите од Балканот, информираат од Драмски театар – Скопје. Драматург на претставата којашто е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“), е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. сх/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан