• сабота, 04 мај 2024

До 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право

До 15 часот излезеноста на изборите е  35,89 проценти, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право

Скопје, 24 април 2024 (МИА) -  До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места. 

Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392 066.

- Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК. 

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини. лв/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан