• понеделник, 23 декември 2024

Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки. бак/сп/

Остани поврзан