• среда, 15 јануари 2025

Дополнителни сили на ЕУЛЕКС пристигнуваат на Косово

Дополнителни сили на ЕУЛЕКС пристигнуваат на Косово

Приштина, 14 јануари 2025 (МИА) - Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) објави дека привремено ќе ја засили својата специјализирана полициска единица (СПJ) со распоредување припадници на европските жандармерски сили од Франција, Италија, Литванија и Португалија.

Според соопштението, станува збор за припадници на француската национална жандармерија, италијанските карабинери, литванската служба за јавна безбедност и португалската Национална републиканска гарда.

-Се очекува СПЈ да пристигне во Косово за да ги зајакне капацитетите на мисијата на терен и да обезбеди поддршка за косовската полиција. Како втора инстанца во трислојниот безбедносен систем за одговор, СПЈ, доколку е потребно, ќе спроведе видливи патроли и ќе придонесе за инфорираност за безбедносната ситуација, објави ЕУЛЕКС

Ова е петти пат ЕУЛЕКС да ги распоредува своите сили на СПЈ, додека првото распоредување е забележано во март 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан