• петок, 22 ноември 2024

Дончиќ увери дека се чувствува добро пред третиот натпревар со Бостон

Дончиќ увери дека се чувствува добро пред третиот натпревар со Бостон

Далас, 12 јуни 2024 (МИА) - Словенечката ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ беше принуден да се справува со постојаните повреди во текот на НБА плејофот, а ситуацијата останува иста и за време на финалето против Бостон. Селтикси водат со 2:0 против Далас и вечерва по наше време ќе бидат домаќини на третиот натпревар од серијата.

-Не сакам да изнесувам премногу детали, но се чувствувам добро, изјави Дончиќ по последниот тренинг на Маверикс.

Дваесет и пет-годишниот Словенец има проблеми со десното колено и левиот зглоб.

Непосредно пред да биде избран од Далас на драфтот на НБА во 2018 година, тој го предводеше шпанскиот Реал Мадрид до титулата во Евролигата, а беше прогласен и за Најкорисен играч во сезоната.

-Би рекол дека е поинаку. Освен тоа, голема разлика е да имаш 18 и 25 години. Но, се работи за различни игри. Овде играш до четири победи, а во Евролигата е само еден натпревар. Сосема поинаква ситуација, одговори Лука Дончиќ на прашањето за споредба на решавачката фаза во НБА и Евролигата. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан