ДОМ: Барање за дополна на Акциониот план за чист воздух
- Загадувањето на воздухот предизвикува сериозни последици по здравјето на луѓето. Зелената партија ДОМ предлага до Владата на РСМ да го дополни акцискиот план за чист воздух за 2024- 2025 со следните мерки
Скопје, 10 декември 2024
Загадувањето на воздухот предизвикува сериозни последици по здравјето на луѓето. Зелената партија ДОМ предлага до Владата на РСМ да го дополни акцискиот план за чист воздух за 2024- 2025 со следните мерки :
1. Во зимските месеци да се забрани користење на алтернативни горива (отпадна пластика, гума, текстил...) од страна на индустриските капацитети кои имаат дозвола да ги користат истите ;
2. Во деновите кога се надминати граничните вредности на загадувачки материи во амбиенталниот воздух индустриските капацитети задолжително да го намалат производствениот капацитет за 50 %;
3. Во истиот период градилиштата да се ограничат да немаат земјени работи и транспорт со камиони;
4.Да се изврши контрола од страна на
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на сите физички лица што добиле ваучери за купување на клима уреди дали ги користат истите или користат стари нееколошки начини на затоплување кои емитираат загадувачки материи;
5.Урбаното зеленилото значајно придонесува во прочиствање на воздухот, затоа комуналните испектори во општините и Министерството за животна средина да направат контрола на примената одредбата од Законот за урбано зеленило за најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела која е во фаза на градба;
6. Владата да набави еколошки автобуси за јавниот превоз како би се исфрлиле од употреба старите нееколошки автобуси
и да предвиди субвенции за набавка на еколошки автобуси за приватните превозници.
7. Владата да ја сопре политиката за олеснет увоз на половни возила и намалување на таксата за јаглеродни емисии, а да дава субвенции или да ги намали даноците за електрични и хибридни возила.
ДОМ
Фото: ДОМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.