• петок, 19 јули 2024

Доминација на домашните екипи во НБА лигата на првите четири натпревари во новата година

Доминација на домашните екипи во НБА лигата на првите четири натпревари во новата година
Сан Антонио, 1 јануари 2020 (МИА) – Победи на сите четири натпревари во НБА лигата одиграни ноќеска, забележаа екипите кои беа домаќини. Најнеизвесно беше во Сан Антонио каде дуелот беше решен по дополнителни минути. Постигнати резултати: Хјустон – Денвер 130:104 Сан Антонио – Голден Стејт 117:113 (по продолжение) Торонто – Кливленд 117:97 Оклахома Сити – Далас 106:101. Лос Анџелес лејкерс се лидери во поредокот на Западната конференција со биланс 26 победи и седум порази, додека на Исток води Милвоки со скор 30-5. зс/

Остани поврзан