Доколку Англија или Шкотска се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите ќе може да работат до еден часот по полноќ
- Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада
Лондон, 8 мај 2024 (МИА) – Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада.
Поголемиот број пабови во Велика Британија се затвораат до 23 часот, но Владата може да нареди продолжување на работното време.
Продолжувањето на работното време важи во Англија и во Велс, додека Шкотска и Северна Ирска ќе одлучуваат независно. ми/
фото: ЕПА