Додик во Москва и покрај налогот за апсење
- Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого Судот на БиХ издаде налог за апсење, пристигна синоќа во Москва, од каде преку видео порака на социјалната мрежа икс се обрати до јавноста, јави регионалната телевизија „Н1“.

Москва, 1 април 2025 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого Судот на БиХ издаде налог за апсење, пристигна синоќа во Москва, од каде преку видео порака на социјалната мрежа икс се обрати до јавноста, јави регионалната телевизија „Н1“.
„Пристигнав во Москва. Секогаш го започнувам мојот престој тука со посета на Споменикот на непознатиот војник, оддавајќи почит на 28 милиони Руси загинати во Втората светска војна. Повторно ќе бидам тука на 9 мај, по покана на рускиот претседател Владимир Путин, за да ја одбележиме 80-годишнината од победата над фашизмот“, изјави синоќа Додик.
➡️ Стигао сам у Москву. Сваки мој боравак овдjе почињем посјетом споменику Незнаном јунаку како бих одао пошту 28 милиона страдалих Руса у Другом свјетском рату.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 31, 2025
➡️ Овдjе ћу бити поново 9. маја на позив предсједника Руске Федерације Владимира Путина на обиљежавању 80. гoдишњице… pic.twitter.com/CMd5jqYda8
Судот на БиХ го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. По пресудата, парламентот на Република Српска усвои закони со кои ја забрани работата на повеќе државни институции на територијата на ентитетот.
Покрај Додик, налог за апсење има и за Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС, и Радован Вишковиќ, премиерот на РС. Интерпол сè уште нема одлука за нивна меѓународна потерница. ссм/
фото: принт скрин