• среда, 27 ноември 2024

Доделување договори на 23 општини за инфраструктурни проекти од ТАВ-програмата

Доделување договори на 23 општини за инфраструктурни проекти од ТАВ-програмата
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, ќе се обратат денеска на настан во Клубот на пратеници по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата. По официјалните обраќања на Заев и Шенер, договорите на градоначалниците ќе им ги доделат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонијa, Метин Батак. Како што соопшти владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. хс/сп/

Остани поврзан