• четврток, 12 септември 2024

Добиени првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка Река

Добиени првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка Река
Македонска Каменица, 7 април 2021 (МИА) - Добиени првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка Река како дел од спроведувањето на проектот „Мониторинг на Каменичка Река“. Од еколошкото друштво ,,Здравец 2002", кое е реализатор на проектот информираа дека веќе се направени три лабараториски анализи за присуство на тешки метали и други примеси во водите на Каменичка Река. - Анализата се прави на 32 хемиски елементи и на 15 органолепечки и физичко-хемиски својства на водите на Каменичка Река. Во посебна табела тие показатели се објавени јавно, така што секој може да ги види резултатите, а со тоа и да има претстава дали има и колкаво е загадувањето на Каменичка Река, истакнаа од ,,Еко-Здравец 2002". Според истражувањето, максималната загадувачка концентрација на метали во коритото на Каменичка Река од почетокот на годинава до крајот на месец март не е регистрирано, освен - Сепак и покрај ова апелираме до граѓаните и понатаму да се јавуваат на нашиот број за таа намена, кој е јавно објавен на нашата страница и истиот користи за пријавување на било какво загадување во коритото на Каменичка Река, додаваат од ,,Еко Здравец". Проектот ,,Мониторинг на Каменичка Река“ финансиски е поддржан од програмата на Цивика Мобилитас. вс/оџ/

Остани поврзан