• сабота, 18 мај 2024

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција

Париз, 26 април 2020 (МИА) – Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс н а починати од вирусот Ковид-19 јасно се намалува, со што продолжува да се намалува притисокот врз француските болници, јави дописникот на МИА.

Епидемијата до вечерва уби вкупно 22.856 лица во Франција. Според денешните бројки од здравствените власти се потврдува тенденцијата на намалување на бројот на пациентите на интензивна нега осумнаесет дена со ред. Вечерва на интензивна нега се наоѓаат 4682 лица, од вкупно 28.217 пациенти кои се на болничко лекување поради заразата со Ковид-19. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан