Макрон до Пезешкијан: Иран веднаш да ги запре неприфатливите напади
- Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека во разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упатил повик Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот на Блискиот Исток извршени непосредно или преку посредниците во Иран и Либан.
Париз, 16 март 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека во разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упатил повик Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот на Блискиот Исток извршени непосредно или преку посредниците во Иран и Либан.
„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба, и оти е неприфатливо нашата земја да биде цел“, напиша Макрон во објавата на социјалната платформа „Икс“.
Тој истакнува дека неконтролираната ескалација како актуелната го вовлекува целиот регион во хаос, со сериозни последици, и денес и за годините што доаѓаат.
„Цената ја плаќа народот на Иран, како и луѓето во целиот регион. Само нов политички и безбедносен рамковен договор може да гарантира мир и безбедност за сите. Таквата рамка мора да обезбеди Иран никогаш да не стекне нуклеарно оружје, истовремено спротивставувајќи се на опасностите од неговата балистичка ракетна програма и дестабилизирачките активности во регионот и светот“, посочи францускиот претседател.
Макрон уште истакна дека што побргу мора да биде обновена слободната пловидба низ Ормуската Теснина. аб/јт
фото/МИА архива