• вторник, 06 август 2024

Ди Марија дебитираше за Јувентус

Ди Марија дебитираше за Јувентус
Лас Вегас, 23 јули (МИА) - Анхел Ди Марија дебитираше за Јувентус со победата од 2-0 против мексиканскиот клуб Чивас Гвадалхара во контролниот натпревар во Лас Вегас. Аргентинското крило се придружи на Јувентус ова лето од ПСЖ и ги одигра своите први минути во дресот на тимот од Торино. Пол Погба, исто така, се врати во „Старата дама“ и дебитираше на овој натпревар по престојот во Манчестер Јунајтед. Јувентус треба да одигра уште два контролни натпревари во САД, против Барселона во Далас во вторник и против Реал Мадрид во Калифорнија, следната сабота. ар/сп/

Остани поврзан