• сабота, 16 ноември 2024

Директорот Јанев на кондиционен марш на Единицата за брзо распоредување

Директорот Јанев на кондиционен марш на Единицата за брзо распоредување

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска учествувал на кондиционен марш, организиран од страна на припадниците на Единицата за брзо распоредување.

Од МВР соопштија дека активноста била организирана согласно годишната програма за обука на припадниците на Единицата за брзо распоредување, за зголемување на физичката подготвеност на припадниците на единицата.

Кондициониот марш бил изведен од објектот на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти преку Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно. цр/

Фото: МВР

Остани поврзан