Димовски победник на Белградскиот спринт триатлон
- Победник на 27. Белградски спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија е 18-годишниот Иво Јован Димовски, кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите н
Белград, 13 јуни 2021 (МИА) – Победник на 27. Белградски спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија е 18-годишниот Иво Јован Димовски, кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите натпреварувачи.
Со 11 медали се врати триатлон-тимот на „Триоги рејсинг“ од Скопје.
Од останатите македонски натпреварувачи, медали освоија:
*Пионери - Марио Брезовски освои златен медал.
*Млади јуниорки – Магдалена Станковска – сребрен медал и Ева Здравев – бронзен.
*Млади кадетки – Јована Каленикова - освои златен медал, Јана Ѓоријевска – сребрен, а Хана Јовановска – бронзен.
*Млади кадети – Бобан Јаневски освои сребрен медал, а Јосиф Малински – бронзен.
*Млади пионерки - Калина Ѓорѓијевска освои трето место во млади пионерки.
*Возрасни - Александар Здравев - златен медал
Стефан Делев од клубот „Софка“ од Скопје го освои третото место во категоријатa млади јуниори. зс/