Димитров: По ветото од Бугарија нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце од пристапниот процес
- По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возсрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008-та кога фативме трета патека. Нашиот в
Скопје, 8 декември 2020 (МИА) - По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возсрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008-та кога фативме трета патека. Нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце или ако толку се фокусираме на ова прашање кон Бугарија па заборавиме зошто нам ни треба пристапниот процес, а тоа е процес со кој треба Европа да си ја донесеме дома. Не треба да дигнеме раце ниту од изнаоѓање разбирање со Бугарија, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
-Ние имаме позиции кои стојат на многу чист принцип. Во ЕУ во уставни документи како што е Лисабонскот договор, вчера беше 20-годишнина од Повелбата на ЕУ за фундаментални таму, таму се зборува за фундаментални права, и меѓудругото се вели дека ЕУ ја почитува и вреднува различноста на европските народи, јазична, културна итн. Така што да се зборува за идентитетски прашања на една земја кандидат не ја тангира само земјата кандидат туку и самата ЕУ. Таа е Унија на вредности или не е Унија на ведности, вели Димитров во гостувањето на емисијата „Програми 200“ на Алсат М.
Тој воедно, наведува дека и кај нас и во ЕУ, има интерес да се најде решение околу ова прашање на линија на европските вредности
-Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме и нив дека не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте. Една изрека вели: „добриот пријател е тој што ви го разбира минатото, верува во вашата иднина и ве прифаќа токму таткви какви што сте“. За да имате добри комшии треба и да бидете добар комшија, вели Димитров.
Според Димитров не може да се споредува сегашниот проблем со Софија со тој претходниот, потребно е вели, да продолжиме да разговараме, но и оти ќе направиме грешка ако ја насочиме целата енергија кон тој однос со Бугарија Главната енергија треба да ја насочиме дома, додава тој, на спроведување на реформската агенда.
-Решавањето на големи надворешни билатерални прашања наликува како на освојување планина. И ние последните три години со тоа се бавевме. Пристапниот процес не треба да се идеализира, особено ако е оптоварен со вета. За процесот да функционира мора да биде објективен и да почива на Копенхашките критериуми, дали ние одиме чекор напред и отвораме кластер по ново, или поглавје по старо, треба да зависи од тоа дали судиите си ја вршат работата, дали се независни, дали ни е судството ефиаксно, дали ни се медиумите слободни...Тука треба повеќе да се фокусираме. Ќе има многу добра волја околу нас сега, бидејќи сите гледаат дека ова е неправедно, велат ги исполнивте сите услови како никој досега, уште не можете да почнете пристапни преговори. Зошто да не поканиме држави како Германија, Шведска, Холандија да ни помогнат да си направиме патоказ сега во клучните области, да си засукаме ракави, да си работиме за да бидеме во добра реформска кондиција тогаш кога ќе се отвори оваа врата, вели вицепремиерот Димитров.
Во тој контекст наведува дека во извештаите за напредок, земјата е оценето подобро од земји од регионот кои се веќе многу долги години во пристапниот процес.
-Пристапниот процес е алатка за реформи ако вие го обремените со вета, со истории, со идентитетски прашања тој не може да европеизира, тој ќе балканизира, вели вицепремиерот за европски прашања, додавајќи дека по ветото, сепак има опасност од појава на евроскептицизам во земјава, како и во регионот, за што е свесна и самата ЕУ.
Во однос на тоа што може да се очекува од утрешната посета на специјалниот преговарач Владо Бучковски во Софија, само еден ден по ветото од Бугарија, Димитров вели, рискантно е да прогнозира имајќи ги предвид динамиката и работите на таа релација изминативе недели.
-Главно сигналот е дека не бегаме од разговор, проблемите се решаваат само низ разговор. Ќе разговараме за сите прашања каде што може да се постигне напредок, нема да разговараме за прашања што не можат да бидат предмет на разговор со која било друга држава. Прашањето на кои сме, на јазик е во срцето на нашиот суверенит, тоа е наша работа. Тоа прашање го третираме дека е затворено дома, и дека е затворено во светското семејство, во ОН: Јас сум убеден дека ако сме упорни и мудри ќе успееме во Бугарија да разбудиме една визија на Жељу Желев, човекот под чие лидерство Бугарија ја призна тогаш Република Македонија како независна држава, а тоа е „силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажува дека немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“. И ако сме упорни ако сме мудри ќе успееме ова прашање да го надминеме на начин што и двете држави ќе ги порасне, подвлекува вицепремиерот Никола Димитров. вг/ац/