• понеделник, 25 ноември 2024

Димитриеска Кочоска: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економијата

Димитриеска Кочоска: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економијата

18 март 2024 

„Ние многу внимаваме во ветувањата. Значи ние направивме проекти на Буџетот до 2028 година многу внимателно. И притоа сме многу внимателни во подготвување на Програмата и уште повнимателни сме заради тоа што не знаеме дури ни што не чека бидејќи имаме информации дека состојбата е уште пострашна од тоа што ние знаеме вака од транспарентен дел. Има дел за кој што воопшто немаме информации јавни“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на МРТ.

„Фискалниот совет даде свое мислење за фискалната стратегија каде што кажува дека доколку ги додадеме обврските кои што не се евидентирани во Буџетот бидејќи Буџетот евидентира само плаќања, вие не знаете колкави се обврските“, рече таа. 

Димитриеска Кочоска додаде дека не се знае колкав бил долгот во секоја од институциите. Има и фактури кои што не се платени, тоа треба да се извади, да се види.

„Мора да најдеме начин како ние транспарентно ќе ги вадиме тие податоци“, укажа Димитриеска Кочоска.

„Институциите квартално не известуваат односно некои известуваат, некои не. Врз основа на тоа вие не можете да кажете од сега колкав е долгот на тие институции, бидејќи јасно се гледа таму дека сликата не е реална“, нагласи таа.

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека има многу корупција и криминал.

„Во нашата програма има нула корупција, значи тука сме посебно фокусирани и ќе бидеме фокусирани и во иднина. И корупцијата повеќе нема да се толерира“, истакна Димитриеска Кочоска.

„Фокус ни е сивата економија“, нагласи таа и рече дека според странските извештаи во Македонија има околу 30-40% сива економија, а тоа е огромна бројка.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на раст на економијата.

Може да зборуваме за катаклизма во буџетот, за банкрот затоа што навистина состојбата е алармантна. Дојдовме до ситуација од 1% раст на БДП, а се фалеа дека се грижеле во континуитет за инвестициите, дека растат инвестициите, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „360 степени“ на МТВ.

Димитриеска Кочоска истакна дека ако ги гледаме податоците ние имаме 62,1% јавен долг и веќе се надмина оној дозволен, според фискални правила  во Законот за буџет каде стои дека се дозволува нивото на јавниот долг да оди до 60% од БДП, а сега сме 62,1%. 3% ќе биде буџетскиот дефицит, и тоа покажува дека состојбата е алармантна.

- Има потрошено над 700 милиони евра пари кои не дале никаков резултат, а на тоа мислам на капиталните расходи. Прашањето е за што се потрошиле парите. Ако се потрошиле наменски за капитални инвестиции, немаше БДП да биде 1% туку повисок. Реалноста е дека многу мал дел од овие средства отидоа за капитални инвестиции, сето останато се најразлични трансфери кои се даваат по претпријатијата. Последните 3 години има 360 милиони евра трансфери дадени на ЕСМ, а со тие пари ќе направеа огромна централа. Тоа се пари да се покријат криминалите и корупцијата, а не да се субвенционира струја. Криминалот и корупцијата ги изедоа парите. Дојде да не може плати да се исплатат, потенцираше таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека нема оправдувања дека било криза затоа што претходно за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ за време на кризите во 2009 и 2012 кои беа огромни финансиски, тогаш бевме лидери во справување со кризата во земјите од Западен Балкан сега сме на дното. 

 

- 236 милиони евра има аванси за коридорите 8 и 10 дадени за работа која не е ни почната. Доколку тие пари беа искористени за нешто што реално ќе се направеше ќе имаше поголем раст на БДП.  Да се вратиме во 2020 година и да не заборавиме дека воопшто немаше никакви мерки за штедење, јас бев во техничката влада во 2020 година кога не внимаваа на ниту еден трошок. Голем дел од компаниите беа затворени, а не се преземаше ништо расходната страна да се скрати и се однесуваа како да нема криза.  Државниот завод за ревизија имаше еден куп забелешки како беа потрошени парите и тој кажува дека се давани пари на компании за кои немало контрола како се потрошени, а требало да бидат вратени. Давани се пари на компании кои не исполнувале критериуми и услови. Се трошело без усул, нагласи Димитриеска Кочоска.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Остани поврзан