• четврток, 21 ноември 2024

Димитриевски: Нема да потпишам закон со кој не се согласуваат граѓаните, доколку бидам избран за претседател

Димитриевски: Нема да потпишам закон со кој не се согласуваат граѓаните, доколку бидам избран за претседател

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва изјави дека доколку биде избран за претседател, нема да потпише закон со кој не се согласуваат граѓаните.

Според него, тие кои ги извршуваат главните функции, вклучувајќи го и претседателот на државата, „се слепи послушници на политичките елити кои владеат со државата и преку извршната власт ги контролираат и партиите и законодавниот дом и таа пракса мора да се укине.

Тој вечерва во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“ рече оти влегува во претседателката трка за да победи, а не за да учествува на избори.

- Ако ме прашате како, тоа ќе го сторам исто како што го направив на локалните избори во Куманово - со нови луѓе во политиката, поддржани со луѓе кои имаат искуство, со една нова енергија. Мене, Куманово ме научи како да менаџирам. Тоа сакам да го спроведам на ниво на државата, рече Димитриевски.

Тој се осврна и на обвинителниот акт против него, поднесен денеска, за злоупотреба на службената положба за кој, како што, не е изненаден и обесхрабрен бидејќи со такви постапки се соочувал и во минатото пред избори. бд/бак/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан