• петок, 17 мај 2024

ДИК со првични резултати од парламентарните избори: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати

ДИК со првични резултати од парламентарните избори: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Од преброени гласови во 3.270 избирачки места, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е Коалицијата предводена од СДСМ со само 19 мандати, додека коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 18 пратенички мандати, коалицијата Вреди 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ пет пратенички мандати, објави вечерва Државната изборна комисија.

Ова се првичните неофицијални резултати од денешните парламентарни избори, што се одржаа истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Со ова почнуваат да течат роковите за приговори за изборите. Роковите се до 10 мај до 19 односно 23:30 часот. ев/бак/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан