• понеделник, 23 декември 2024

ДИК: Излезеноста до 18:30 часот 55,1 отсто

ДИК: Излезеноста до 18:30 часот 55,1 отсто

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18:30 чaсот гласале 2.487, односно 55,1 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98, отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 325 гласачи односно 69,3 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 365 гласачи односно 55,47 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто.

-Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК.вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан