• понеделник, 23 декември 2024

ДИЗС санкционира физички лица во Струмица и Куманово поради собирање отпаден материјал без дозвола

ДИЗС санкционира физички лица во Струмица и Куманово поради собирање отпаден материјал без дозвола
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина информира дека парично биле казнети физички лица кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште. -Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции, стои во соопштението од инспекторатот. Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор при што се казнети две физички лица. -Вакви акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад, се потенцира во соопштението.свс/

Остани поврзан