• вторник, 05 ноември 2024

Дизелот поскапува за два денара по литар

Дизелот поскапува за два денара по литар
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) – Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 99,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 107, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 109, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за килограм, додека цената на Мазутот М-1 НС ќе остане 54,64 денари за килограм. Како причина за новата малопродажна цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.вј/са/

Остани поврзан