Дибала одбил договор со саудискиот клуб со плата од 100 милиони евра
- Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, ја одбил понудата од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи.
Рим, 12 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, ја одбил понудата од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи.
Ал Кадисија летово на Аргентинецот му понуди четиригодишен договор тежок 100 милиони евра. Сепак, 30-годишниот фудбалер избра да остане во италијанскиот клуб бидејќи сака да освои трофеј со римјаните.
Минатата сезона Дибала забележа 39 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и десет асистенции.
Договорот на Аргентинецот со клубот италијанската престолнина е до летото 2025 година. Неговата пазарна вредност се проценува на 20 милиони евра според порталот „Трансфермаркт“. зс/
Фото: ЕПА