Де Врис ќе се приклучи на Алфа Таури во 2023 година
- Резервниот возач на Мерцедес, Ник де Врис кариерата ќе јаа продолжи во Алфа Таури.
Амстердам, 18 септември 2022 (МИА) - Резервниот возач на Мерцедес, Ник де Врис кариерата ќе јаа продолжи во Алфа Таури.
Според холандското издание „RacingNews365“ двете страни постигнале начелен договор за трансфер на Де Врис во Алфа Таури во 2023 година.
Формално, договорот на Пјер Гасли ги спречува страните да го комплетираат трансферот. Наводно, Ред Бул се подготвени да го пуштат Гасли да замине во Алпин и да му го раскинат договорот пред предвидениот рок.
Сепак, во исто време Ред Бул сака да добие одредена парична отштета од Алпин.
И двата трансфери ќе бидат формализирани веднаш штом страните ќе се договорат за условите на сорабтоката. зс/