• петок, 20 декември 2024

Де Бруин има скршеница на носот по судирот со Рудигер во финалето на ЛШ

Де Бруин има скршеница на носот по судирот со Рудигер во финалето на ЛШ
Манчестер, 30 мај 2021 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бруин, зборуваше за природата на неговата повреда во финалето од Лигата на шампионите против Челзи (0:1). - Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е фрактура на коската на носот и фрактура на левата орбитала. Сега се чувствувам добро. Се разбира, сепак разочаран од она што се случи вчера. Ќе се вратиме, објави на Твитер белгискиот фудбалер. Во 56. минута синоќа во финалето од ЛШ, 29-годишниот Де Бруин се судри со дефанзивецот на лондонците, Антонио Рудигер во средниот ред. Тој лежеше долго на тревникот, а потоа беше заменет поради повреда. зс/

Остани поврзан