• петок, 22 ноември 2024

Дејвис: Се стремиме да бидеме подобри и подобри

Дејвис: Се стремиме да бидеме подобри и подобри
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Тренерот на Вардар, Давид Дејвис нема намера да прави калкулации и најави игра на победа на натпреварот со Елверум во последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони. Вардарци го имаат обезбедено 5.место без оглед на резултатот на мечот в среда. - Ние мора да продолжиме напорно да работиме. Не значи дека ако го имаме обезбедено петтото место, дека овој натпревар не ни е битен. Ако сакаш нешто да направиш во Лигата на шампионите, мора да победуваш, особено на домашен терен. Се стремиме да бидеме подобри и подобри. Елеврум е квалитетен противник, а ние без разлика на составот со кој ќе излеземе на теренот, целта е победа. Имавме малку време за воигрување со новите играчи, но тој што ќе добие шанса треба да даде максимум, изјави Дејвис. Десното крило на „црвено-црните“ Гоце Георгиевски искажа пофални зборови за противникот. - По исклучувањето на Брест и нашата службена победа го обезбедивме петтото место во групата и претстојниот натпревар со Елверум резултатски нема значење за нас. Сепак, ние сакаме со победа на домашен терен да ја завршиме групната фаза. За Елверум можам да кажам дека е доста квалитетен противник. Со сите екипи одиграа добро, а имаат и победа над некои фаворити. За нив може исходот да има важност, но тоа нас не не интересира и ние да си ја гледаме нашата работа, изјави Георгиевски. Средбата Вардар – Елверум се игра на 9 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 20:45 часот. зс/

Остани поврзан