• петок, 22 ноември 2024

Дејвис: Монпелје е еден од најтешките ривали во Лигата на шампионите

Дејвис: Монпелје е еден од најтешките ривали во Лигата на шампионите
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Вардар, Давид Дејвис очекува многу тежок натпревар на гости против Монпелје во 11. коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони. - Ни претстои натпревар со Монпелје во Лигата на шампионите. Еден од најтешките ривали кој одлично игра оваа сезона. Ние треба да се фокусираме на нашата игра и да ја држиме самодовербата на високо ниво. Како и секаде, така и во Франција ќе одиме на победа. Играме добро во македонското првенство, променливо во СЕХА-лигата, а овој меч ќе ни покажа до каде сме во Лигата на шампионите. Нашата првична цел е да бидеме во првите шест во групата, изјави Дејвис. „Црвено-црните“ денеска отпатуваа за Франција, каде утре со почеток во 18:45 часот ќе го играат натпреварот со Монпелје. Со екипата не отпатуваа Анте Гаџа и Борко Ристовски. По одигрување на натпреварот во Франција, тимот продолжува за Хрватска, каде в петок ќе игра со Нексе во рамките од СЕХА-Газпром лигата. зс/

Остани поврзан