• недела, 22 декември 2024

Дешам останува селектор на Франција

Дешам останува селектор на Франција

 

Париз, 10. јули 2024 (МИА) – Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам, ќе остане на функцијата и покрај поразот во полуфиналето на Европското првенство од Шпанија (1:2), изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Филип Диало.

Првиот човек на францускиот фудбал во интервју за весникот Л’Екип рече дека Дешам ги исполнил целите поставени пред турнирот и дека ќе остане на селекторската должност.

„Не гледам причина да го доведувам во прашање неговиот договор. Резултатите во минатото зборуваат во негова корист и целите се постигнати. Дидие ќе ја продолжи својата мисија. Билансот е генерално позитивен, а целта беше поставена полуфинале и тоа беше постигнато“, изјави Диало.

Дешам го освои Светското првенство во 2018 година со Франција и дојде до финалето во 2022 година, а беше поразен во финалето на ЕП 2016 година. ег ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан