Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа
- Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.
![Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа](https://new.mia.mk/images/20221114020857_big_730x400_7.webp )
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.
Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за метар кубен.
Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто. мч/лв/