• петок, 22 ноември 2024

Детектор: Членството во НАТО е добра одлука, но тоа нема побрзо да не однесе во ЕУ

Детектор: Членството во НАТО е добра одлука, но тоа нема побрзо да не однесе во ЕУ

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор.

Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.

- Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.

Од детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

- И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.

Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ.

Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата.

Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници. сх/вј/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан