• сабота, 05 октомври 2024

Десет пожари во Кумановско

Десет пожари во Кумановско

Куманово, 25 септември 2023 (МИА) - Кумановските пожарникари гаселе десет пожари во села и приградски населби во Кумановско, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сува трева и стрништа гореле во липковско Никуштак, по што интервенирале во блиското кумановско село Умин Дол. Напладне горела сува трева во Тромеѓа и во населбата Карпош. 

Поголема површина била зафатена во Пуковско и Провце. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани три возила на противпожарната служба и десет пожарникари.

И во Шупли Камен била зафатена поголема површина исто така и таму биле ангажирани три возила и десет пожарникари. Во Проевце горела површина над „Живкова Карпа“.

Во вечерните часови пожарникарите гаселе стрништа и сува трева во Речица, Ваксинце, Романовце и во населбата „Перо Чичо“, како и во село Брзак. Преку ноќта повторно горело во Романовце, пожарот бил изгаснат пред пет часот, утрово. ам/цр

 

Фото: Црвен Крст Куманово

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан