• недела, 30 јуни 2024

Десетмина загинати во пожарот во станбена зграда во Валенсија

Десетмина загинати во пожарот во станбена зграда во Валенсија

Мадрид, 24 февруари 2024 (МИА) - Десет лица загинаа, а 15 се повредени во пожар што избувна во четвртокот попладне во станбена зграда во Валенсија, на југоистокот на Шпанија, објавија нов биланс локалните власти, додавајќи дека продолжува потрагата по други евентуални жртви.

„Можеме да потврдиме дека се пронајдени вкупно десет тела“, се наведува во соопштението и се додава дека не се знае точниот број на исчезнати лица, па бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Пожарот избувнал на еден кат од станбена зграда и брзо се проширил.

Засега не се знае точната причина за пожарот. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан