• понеделник, 01 јули 2024

Активни два големи пожари во близина на Атина, евакуирани жители на населени места

Активни два големи пожари во близина на Атина, евакуирани жители на населени места

Атина, 30 јуни 2024 (МИА) – На две различни локации во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево се активни два големи пожари во кои интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Едниот пожар е во областа Кератеа, каде што се активни четири различни жаришта, а огнените јазици се во делови што не се густо населени, меѓутоа пожарот зафати неколку куќи, додека, пак, со помош на полицијата околу 50 граѓани беа пренесени на безбедни локации.

Паралелно со овој, избувна и друг пожар во населбата Стамата, што исто така е во источниот дел на областа Атика и каде што имаше превентивни евакуации на населението.

И во двата пожари силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето. ср/паг/

Остани поврзан