• понеделник, 23 декември 2024

Дератизација на територијата на општина Куманово

Дератизација на територијата на општина Куманово
Куманово, 21 април 2020 (МИА) - Утре, задутре и во петокот на подрачјето на општина Куманово ќе се врши дератизација, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Општината  ги предупредува граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Од одделението за јавни набавки информираат дека за дезинсекција против крлежи, дертизација против глувци, ларвициден третам и тереситичка дезинскеција за оваа година одвоени се милион 180 илјади денари со вклучен ДДВ.

Третманите по четирите ставки ќе се спроведуваат во неколку наврати на годишно ниво. На тендерот избрана е компанијата „Плант Медика“.ам/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан