• сабота, 29 јуни 2024

Депај: Ќе биде многу тешко против Чешка

Депај: Ќе биде многу тешко против Чешка
Будимпешта, 27 јуни 2021 (МИА) - Холандскиот репрезентативен напаѓач Мемфис Депај очекува многу тежок натпревар против Чешка во осминафиналето на ЕВРО 2020. - Знам дека репрезентацијата на Чешка игра многу интензивно. Не играв доволно долго против нив, мислам дека последен пат во 2015 година. Тие отсекогаш биле тешки противници. Значи, знаеме дека ќе ни биде многу тешко. Мораме да го дадеме максимумот ако сакаме да победиме. Планираме да го сториме ова, но, се разбира, нема да биде лесно, смета Депај. Натпреварот Холандија - Чешка ќе се игра денес во Будимпешта со почеток во 18 часот. Победникот од оваа средба во четвртфиналето оди на Данска. зс/

Остани поврзан