• понеделник, 23 декември 2024

Ден на словенечка потица во Ѓорче Петров – празник на културата и пријателството

Ден на словенечка потица во Ѓорче Петров – празник на културата и пријателството

Скопје, 2 декември 2024

Вчера, во Културниот центар Ѓорче Петров, се одржа Денот на словенечка потица – настан кој ги обедини жителите на Ѓорче Петров со членовите на словенечката заедница и беше целосно посветен на славењето на традицијата и културата на Словенија.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски имаше чест да присуствува на овој настан, кој беше вистински културен настан, исполнет со топлина и пријателство.

Местото беше исполнето со мирисот на традиционалната словенечка потица, која беше приготвена од нашите сограѓани, заедно со словенечката заедница. Ова пециво, кое е не само празничен специјалитет, туку и симбол на љубовта и традицијата, пленеше со својот вкус и историја.

Градоначалникот на Ѓорче Петров изрази благодарност до сите организатори, учесници и гости кои го направија овој настан незаборавен и посочи дека ваквите настани ја потврдуваат отвореноста на Ѓорче Петров за различните култури и го зајакнуваат пријателството меѓу народите.

„Словенечката потица е многу повеќе од само пециво, таа е симбол на нашите заеднички вредности и сплотеноста која ја имаме. Благодарност до сите кои се вклучија во организирањето и учествуваа во овој настан. Ѓорче Петров секогаш бил и ќе остане место каде што културите се поздравуваат и се негуваат, а оваа соработка ја потврдува нашата посветеност на меѓународната соработка и пријателство“, изјави градоначалникот Стојкоски.

Присутни на настанот беа и Н.Е. амбасадорот на Република Словенија, г. Грегор Прескер, заменичката-амбасадорка Ника Ротар и конзулот Мартин Глазар, кои со своето присуство ја истакнаа важноста на културната размена и пријателството меѓу нашите две земји.

 

Кабинет на градоначалник
Општина Ѓорче Петров

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан