• понеделник, 18 ноември 2024

Демократски сојуз: Владата да им помогне на Македонците во Голо Брдо

Демократски сојуз: Владата да им помогне на Македонците во Голо Брдо
 Скопје, 27 август 2022 Демократскиот сојуз бара Владата да им помогне на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа и другите населби и села во Албанија во одбраната на својот идентитет од притисокот на Бугарија. Ова прашање е од врвен национален интерес и затоа сугерираме почести посети на министри, но и стопанственици, се со цел да им се помогне околу инфраструктурата, образованието, здравствената заштита и сл. Претставници на Демократскиот сојуз на 28 .11.2020 година ја посетија Мала Преспа, а наскоро ќе ги посетат Голо Брдо и други населени места во Албанија. Демократски сојуз ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан