Дел од општина Бутел без вода
- Без вода денеска од 12:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Иван Манолев 219“ и „Алпи“ во општина Бутел.
Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Без вода денеска од 12:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Иван Манолев 219“ и „Алпи“ во општина Бутел.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Иван Манолев“ 219.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/сст/
Фото: МИА архива